Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чеде Јаневски ќе им даде шанса на фудбалерите од домашниот шампионат. Јаневски кој целосно е посветен на селекторската функција проследи неколку меча од Првата лига на кои на лице место можеше да се увери во нивниот квалитет.


– Тест дуелот ќе се игра со Полска во Турција, на 14 декември, а противникот ќе настапи исто така со играчи кои играат во нивниот домашен шампионат“, вели Јаневски.

Во моментов единствени фудбалери кои добиваат повик во А селекцијата а играт во Македонија се фудбалерите на Вардар, Драган Ѓорѓиев и Остоја Степановиќ.

Ohridnews