Сега веќе поранешниот селектор на македонската фудбалската репрезентација Чедомир Јаневски за „Македонски Спорт“ ги откри причинити за „тивкото“ заминување од селекцијата.


– Причините за заминувањето од селекторската функција пред се’ се лични. Немам ништо против Фудбалската федерација на Македонија и претседателот, Илчо Ѓоргиоски,  имав одлична соработка со сите структури. Им блогадарам на сите репрезентативци кои го прифатија мојот стил на работа и ме поддржуваа во секој миг. Секогаш ќе се радувам кога ќе слушнам дека некој Македонец забележува врвни резултатит во фудбалска Европа – рече Јаневски.

Оштетата за предвремено раскинување на договорот со ФФМ ќе ја подмири самиот Јаневски, кој истакна дека е горд што ја предводел македонската селекција.

Тој тренерската кариера ќе ја продолжи во белгискиот прволигаш Монс, кој е на последното место на табелата во најсилната национална лига.

Мх.П.