Направивме грешки кои беа кобни за нас – рече селекторот Јаневски по поразот од Хрватска со 2-1 на мечот од „А“ квалификациската група.


Македонија имаше предност од 1-0 но само благодарение на нашите грешки, “коцкестите“ успеаа да направат комплетен пресврт.

Бевме нервозни, водстовото требаше да ни даде мир, но наместо тоа примивме гол со кој ги  вративме во игра. Во второто полувреме им дадовме уште еден поклон, а по тој гол тешко беше да се вратиме во игра. – истакна Јаневски.

За мечот со Србија во вторник, селекторот нема да може да смета на услугите на Пандев кој е суспендиран.

Навистина е штета што доби жолт, но сега тоа нема да може да ги смениме, имаме и други играчи кои може да играат, и да го заменат капитенот – заклучи Јаневски.

М.П.