Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на мечевите со Хрватска и Шкотска во рамките на квалификациите за мундијалот во Бразил.

Повратници во селекција по подолга пауза се фудбалерот за врска Дарко Тасевски и напаѓачот Стевица Ристиќ. Настапот на Тричковски за Македонија е неизвесен откако македонскиот интернационалец се повреди на деби мечот за Бриж.

Голмани

1. Кристијан Наумовски – Динамо Букурешт/Романија

2. Мартин Богатинов – Карпати/Украина

3. Томе Пачовски – Мехелен/Белгија

Одбрана

4. Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив/Бугарија

5. Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт/Романија

6. Александар Тодоровски – Полонија Варшава/Полска

7. Николче Новески – Мајнц 05/Германија

8. Ванче Шиков – Волин/Украина

9. Даниел Мојсов – Војводина/Србија

10. Горан Попов – Динамо Киев/Украина

11. Александар Лазевски – Партизан/Србија

Среден ред

12. Никола Глигоров – Алки/Кипар

13. Мухамед Демири – Тун/Швајцарија

14. Величе Шумуликоски – Тианјин Теда/Кина

15. Стефан Спировски – Борац Чачак/Србија

16. Дарко Тасевски – Шмона Кириат/Израел

Напад

17. Ферхан Хасани – Волфзбург/Германија

18. Иван Тричковски – Клуб Бриж/Белгија

19. Стевица Ристиќ – Сувон Самсунг/Кореа

20. Горан Пандев – Наполи/Италија

21. Мирко Ивановски – Астра Плоешти/Романија

22. Агим Ибраими – Марибор/Словенија

23. Александар Трајковски – Зулте Варегем/Белгија

Квалификациите за Светскиот собир во Бразил, Македонија ги отвара на гостински терен против Хрватска.

Мх.П.