Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева, денес, даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители. Во својата кратка изјава Јанева им се заблагодари на сите политички и меѓународни фактори кои застанале зад нејзиниот избор за специјален јавен обвинител.

– Денеска стоев и седам пред вас сама, а за еден месец ќе ме видите со мојот тим како ќе ги преземеме случаите кои се под надлежност на специјалното јавно обвинителство и ќе почнеме со работа“, изјави Јанева.

Не одговараше на новинарски прашања и ги замоли новинарите со неа да комуницираат само преку меил.

Јанева е обвинител кој треба да оформи обвиненија во случаите „Прислушување“ и „Пуч“, што е дел од договорт во Пржино за надминување на политичката криза. На функцијата дојде како политички договор меѓу четирите политички партии од власта и опозицијата. Нејзиниот мандат според новиот закон за фунционирање на специјалниот јавен обвинител трае четири години, со можност за реизбор од уште една година.

OhridNews

извор Макфакс