Во изминатите 4 години, во услови на блокирана сметка, во услови на задолжена општина се постигна неверојатното, вратени и се враќаат долгови, се работеше тековно, без застој и новонастанат долг, и се инвестираше во нови, видливи и помалку видливи–но многу корисни, за вас и за нас и за гостите, проекти, рече на денешната прес конференција Ангел Јанев, кандидат за советник од листата на ВМРО ДПМНЕ.
– Во идните 4 години, новиот градоначалник Д-р Митко Тилевски, на кој Вие треба да му ја дадете можноста, со која не смее да прекинува многу започнати проекти, туку напротив, да ги заврши започнатите и да започне и заврши нови проекти. Во сите сфери на локалното живеење. Зошто? Затоа што, најголемиот дел од нив претставуваат предизвик за живеење, учење, вработување, напредување и останување за живеење во Охрид и во Македонија-во сопствената земја, со сопствен јазик, со заеднички идеи. Тоа е најважната цел и предизвик на сите нас, рече Јанев.
Тој додаде дека во таа насока треба многу и секогаш да се работи и сработи, на многу полиња.
– Едно од нив е образованието. Во минатите неколку години, во Охрид, се вратија долговите на училиштата, се реновираа многу охридски училишта или делови од нив, се затворија многу чудно изнајмени делови од училиштата и се пренаменија во корисни детски објекти, се отворија градинки во Лескоец, во Пештани, во Велгошти, во населбата Радоица Новичиќ. Со новата програма на Др Митко Тилевски се предвидува, со помош на државни и општински средства, да се отворат до 3 нови градинки со капацитет до 490 места. Се предвидува и проектот, „здрава исхрана“ за сите ученици во пониските одделенија, од 1-5 во основните училишта, со што би се развила културата за здрава, но не и брза храна, на товар на буџетот на општината Охрид, со што би се заштедил дел од буџетот на семејствата, на помладите семејства, истакна Јанев.
Додаде дека сите сме дел од еден континуиран образовен процес и дека секој говор на омраза – за овие избори да се замени со говор НА ПРОЕКТИ.
OhridNews