Македонија со четири бодови ја дели третата позиција со Србија. Хрватска и Белгија со десет бодови се на чело од табелата додека Велс е петти со три бодови а последна е селекцијата на Шкотска со два.
– Ни преостануваат уште шест натпревари во групата и јас не гаам илузија дека нема да се пласираме на Светското првенство. Ние сме мала репрезентација и нам ни треба макотрпна работа да се пласираме на едно такво големо натпреварување – посочи селекторот Јаневски.
Во тврд натпревар, без премногу шанси македонската репрезентација беше подобра и на моменти по снаодлива. Првата прилика ја имаше Иваноски, но, шутираше покрај голот. Победникот се одлучи во 56-та минута. Ибраими беше прецизен од белата точка откако Томовиќ го собори Хасани во казнетиот простор.
Во наредната рунда Македонија на домашен терен ја пречекува Белгија. Мечот се игра на 22 март 2013 година на “Филип Втори“.