„Во самиот правилник што ќе се однесува на легализацијата на дивоизградените објекти, нема да се бара исполнување на оние стандарди што ги знаеме сега, бидејќи најголем дел од објектите нема да може да бидат изградени по нормалните стандарди за градење и планирање. Во него ќе ги ставиме цените што ќе може да бидат максимални цени на проектантските куќи што ќе прават проект за изведена состојба и јас се надевам дека ќе успееме, со овие два чекора, цената што треба да ја платат граѓаните за документите да биде прикладна и да може да ја платат од сопствениот буџет“, рече Јанакиески.
Тој додаде дека ќе побара и од проектантските куќи и од геодетските компании да им овозможат на граѓаните уплатите да ги прават и на рати.
извор: Makfaks