– Во мај ќе има нови обуки на општинската администрација за процесот на легализацијата да тече непречено, затоа што не се намалува интересот на граѓаните да ги легализираат диво изградените објекти, изјави Јанакиески.
Тој уверува дека нема никакви проблеми во спроведувањето на Законот. Според него, граѓаните се интересираат за овој процес и сакаат да решат повеќе лични прашања, како што се наследството, преносот на имотот итн.
Јанакиески потенцираше дека Министерството за транспорт и врски будно го следи процесот на легализацијата на повеќе од 300.000 дивоизградени објекти во Македонија и доколку излезат какви било нерешени прашања, тие ќе се обидат целосно да ги решат.