Нивото на Охридското Езеро е стабилно изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска, при посетата на туристичката населба Пештани. Тој истакна дека ситуацијата со поплавите во охридско е под контрола и дека службите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, се на терен, секаде каде што има потреба.
– Во моментов од Охридското Езеро во Црн Дрим се испуштаат 53 метри кубни вода во секунда и тоа е максималното количество кое што може да се испушти во моментов, затоа што доколку се испушти поголемо количество на вода постои опасност да се поплави патот од Струга до Дебар, кај месноста Луково.-рече Јанакиески.
Тој објасни дека патниот правец од Охрид до Св. Наум е безбеден и дека возилата слободно може да се движат по него.
-Контрола на овој патен правец покрај претставници на државните надлежни служби, изврашија и професори од Градежниот факултет од Скопје. Тие потврдија дека патот Охрид-Св. Наум е е стабилен и дека сообраќајот по него може да се движи безбедно. Кога ќе се повлече водата ќе направиме дополнителна анализа и доколку се предвиди дека треба да се превземат било какви градежни работи ќе ги превземеме.-нагласи Јанакиески.