Министерството за транспорт и врски ја информира јавноста  дека нема да се врши пролонгирање на рокот за избор на управител или формирање на заедница на сопственици. Законот стапи на сила во  август 2009 година со што беше даден доволен период од една година за да се регистрираат куќните совети.

Имајќи предвид дека рокот за регистрација нема да биде пролонгиран, Министерството апелира до граѓаните во најкус рок да пристапат кон регистрација на куќните совети како не би се изложиле на санкции од страна на општините.

Истовремено, Министерството упатува апел до ЗЕЛС, до единиците на локалната самоуправа и до Централниот регистар на Република Македонија да им помогнат на граѓаните во постапката за регистрација.