-Се работи за класични плажи какви што и досега издававме и во моментов не размислуваме за изградба на платформи за плажи за што сметам дека треба да се консултира стручната јавност и екологистите и да се разговара со локалната самоуправа, рече Јанакиески.
Тој појасни дека мора внимателно да се разгледа ова прашање затоа што, како што рече, досега на Охридското Езеро не се изградени платформи за плажи.
Како што објави Оhridnews, со Деталниот урбанистички план донесен во 2000 година на потегот од пристаништето до Билјанини извори се планира да бидат изградени три платформи за плажи, со кои според најавите ќе стопанисуваат хотелите кои се наоѓаат на градскиот кеј.