– Резултатот беше во втор план, одигравме добро низ целиот натпревар. Полека добивам слика како ќе изгледа составот за квалификациите кои не очекуваат – истакна Јакупи.
Македонија квалификациите за Европското ги игра на 5 ноември во Струмица, “надежите“ првите две места ќе ги бркаат во група со Швајцарија, Украина и Казакстан. – Во првата рунда играме со Швајцарија која е апсолутен фаворит во групата. Ако извлечеме добар резултат, вратите кон понатамошната фаза ни се отворени – додаде Јакупи.