Како што претходно и пишуваше Ohridnews, овај судија го судеше последниот натпревар во минатата есенска полусезона, кој Охрид на “Билјанини “ го загуби со 3-1, а притоа беа исклучени Маркоски и Целески.
Иста слика и на мечот кој викендов под силно неврме се одигра помеѓу екипите на Нов Милениум и Охрид. Охриѓани од Истокот се враќаат поразени со 2-0. Како на првиот така и на овај меч судијата Јакимоски исклучи двајца фудбалери на ФК Охрид. Пред време мечот го завршија Исаку поради втор жолт, како и голманот Абди поради директен црвен картон.
Доста веројатно е дека Трифуноски нема да може да рачуна на овие двајца за дербито на колото кое в сабота се игра во Штип.