Британецот Џејмс Чрч многу се изненадил кога едно утро правел доручек и наишол на совршено тркалезно јајце. Останал без зборови и рекол дека никогаш претходно во животот не забележал ништо слично.
Во кујната ги повикал сите соседи за да им го покаже необичното јајце. По професија е готвач во хотелот Бристол. Рекол дека во осум години зготвил повеќе од 100 илјади јајца, но дека вакво гледа за прв пат. Тркалезното јајце го задржал и рекол дека никогаш нема да го фрли.