Пред Велигден јајцата се трошат како “алва“. Иако дел од производителите на јајца по стариот лош обичај уште пред извесно време ги покачија цените на конзумните јајца, сепак најголемиот дел од нив ги задржаа стандардните цени кои во просек се движат од 120 до 180 денари во зависност од класата.


Јајца за Велигден на пазарот во Охрид има доволно


Производителите за да ги услужат домашните потрошувачи деновиве го запреа извозот на јајца кој главно се одвива во соседните држави, со што оваа година како ретко досега на трпезите ќе имаме само македонски јајца. Сепак треба и добро да се внимава при купувањето зашто на пазарот се појавуваат секакви продавачи кои нудат јајца со сомнителен квалитет.

Фото: Васко Бујароски