Додека многу кинези ширум северот и западот на земјата бараат разладување од горештините, кои изминативе денови достигнале повеќе од 40 степени, има и такви кои ваквото време го користат на крајно необичен начин и профитираат, односно за туристите варат јајца на песок. Во местото Турпан, каде има голем број туристи како би ја посетиле планината Фламинг, неколку кинези одлучиле да припремат оброк за сите посетители, варени јајца на сонце.

Јајцата ги ставаат во специјални садови направени од железни кофи на чие дно има песок од прав од железо кој им овозможува стабилност на јајцатам а поклопецот е од стакло. И додека на јајцата на шпорет им се потербни неколку минути да се сварат, на овие на сонце им е потребен околу еден час. Туристичкиот водич Лиу Јие била трпелива и сочекала еден час како би го пробала јајцето, и не зажалила, бидејќи бола воодушевена. Таа тврдела дека јајцето зготвено на ваков начин има поинаков вкус и дека е одлично, слично на печено.