Богаташите кои повеќе не знаат како да ги потрошат своите огромни количини пари наското ќе можат да купат ни помалку ни повеќе, туку сопствен остров кој може да се пренесува. Меѓународниот саем за недвижности „Кристи“ најави планови за првите пловечки острови кои првобитно ќе бодат изградени на Малдивите. Иако цената сеуште не е откриена, ланецот вештачки острови ќе биде од исклучително висока класа, самодоволен и пријател на природата. „Кристи“ планира островите да ги распродаде по целиот свет, а Дубаи и Мајами веќе се означени како следни пазари. Купувачите островот ќе можат да го прилагодат по соспствена желба, со приватни плажи, луксузни смесувања и базени на само неколку метри од морето.

 

На проектот работи и архитектот Коен Олтиус и компанијата “Dutch Docklands” која гарантира дека островите ќе бидат потполно стабилни и безбедни од порастот на морското ниво. Агенцијата за недвижности исто така го ангажира и Друштвото за океанографија „Жан Мишел Кусто“ да припомогне околу дизајнот и истражувањата како островите би ја сочувале животната средина и би овозможиле нови подводни живеалишта за морски живот. Дејн Кон, еден од директорите на Кристи, вели дека можноста да се развие остров на површината на водата е доказ за вештината на холандската компанија “Dutch Docklands” во оваа област. Купувачите се во можност да го прилагодат обликот, големината, како и стилот на својот престој во најширок спектар на локации, почнувајќи од првата прилика на Малдивите.