Италијанскиот производител „Italian Sea Group“ претставил на своите страници фотографии од моделот „Admiral X-Force 145“, јахта од 145 метри која ќе биде толку луксузна што се проценува дека ќе чини повеќе од милијарда долари. Додуша, нејзината точна цена на увид ќе ја добијат само сериозните купувачи, но она што е дефинитивно потврдено се информациите дека јахтата, помеѓу останатото, ќе има внатрешни и надворешни базени, две кина, два хелидроми, неколку гаражи и теретани, односно раскошно уредени ентериери со кристални лустери и мермерни подови.
Дали јахтата ќе биде и најскапа на светот ќе зависи од тоа дали првиот примерок ќе биде готов до пролетта 2018 година, бидејќи тогаш во морето би требало да заплови луксузно пловило со уште посолена цена. Имено, компанијата „4Yacht“ исто така гради монструозна, 222 метри долга јахта со име „Triple Deuce“ која ќе чини исто така повеќе од милијарда долари, и која засега на непознатиот нарачател годишно од џебот ќе му избива 20 до 30 милиони долари за одржување.