Времето во кое црвеното Ферари и часовникот Ролекс биле статусни симболи одамна е минато. Денес секој вистински богаташ поседува барем една јахта, а некои од нив имаат и по неколку луксузни пловни објекти. Така милијардерот Анто Марден може да се пофали со суперјахтата со име „Адастра“, која чини неверојатни 18 милиони евра. Градителите на бродови од Сасекс последниве пет години ги минале во Кина, како би ја завршиле „Адастра“, јахта која благодарение на должината од 42,5 метри и футуристичкиот дизајн го заслужила прекарот „суперјахта“. Бизнисменот Анто Марден, кој своите милијарди ги стекнал токму од бродската индустрија, го ангажирал дизајнерот Џон Сателворт да ја конструира јахтата која личи на вселенски брод.

„Адастра“ е толку напредна во технолошка смисла што може да се контролира со помош на Ајпед, на далечина до 50 метри. Марден безгрижно ќе може да плови помеѓу своите два острови во водите на Индонезија. Јахтата може да угости девет гости и шест членови на екипажот, на кои патувањето покрај мини барот, удобниот мебел и просторот за ручање воопшто нема да им биде напорно. Трупот бил направен од стакло, а просторот на крмата може да се претвори во платформа за капење. Максималната брзина е 22,5 чвора, а без полнење на гориво може да мине растојание од Њујорк до Велика Британија.