Напаѓачот Адис Јаховиќ и дефанзивецот Даниел Георгиевски поради недисциплина се отстранети од А селекцијата непосредно пред мечот со Словачка во евро-квалификациите.


Селекторот на „црвено жолтите“ Бошко Ѓуровски не ги прецизираше точните причини за отстранувањето на Јаховиќ и Георгиевски од селекцијата, но рече – На тренинзите двоецот покажуваше нетрпеливост и нервоза. Такви фудбалери не ми се потребни во селекцијата, а шанса ќе добиваат оние на кои настапот за Македонија ќе биде чест и задоволство.

Селекторот сеуште се двоуми дали и кого ќе повика од У 21 селекцијата за престојниот дуел со словаците кои во Скопје доаѓаат по трите бодови.

Натпреварот се игра в сабота во 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“.

Мх.П.