Репрезентативниот двоец Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски се отстранети од селекцијата, а причината е физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери на последниот тренинг пред мечот со Словачка на „Филип Втори“.


Техничкиот менаџер на македонската селекција Илија Најдовски на официјалната пресконференција ја соопшти причината за суспендирањето на Јаховиќ и Георгиевски.

– До сега се се одвиваше како што треба и атмосферата беше на завидно ниво. Сите ние се вложуваме во ова за доброто на репрезентацијата и не треба да се случуваат вакви работи. Националниот дрес е светост и треба да го почитуваме и да оставаме пример за другите како да го прават тоа во иднина – рече Најдовски.

Селекторот на А репрезентацијата Бошко Ѓуровски сеуште не даде одговор дали во иднина ќе смета на двоецот, кој приреди немили сцени пред натпреварот со словаците.

Мх.П.