Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека Косово ќе продолжи да гради добрососедски односи со Македонија, пренесува „Макфакс“.

„Косово ќе продолжи да гради добрососедски односи со Македонија како две соседни држави кои во сите области остваруваат соработка за пример. Оставањето настрана на Косово во регионалните иницијативи не придонесува кон добрососедските односи и не е во функција на мирот и стабилноста во процесите на европска интеграција“, се вели во соопштението од Кабинетот на Јахјага.

Истовремено, таа го поздравила ставот на земјите кои одбиле да учествуваат на самитот во Охрид.

OhridNews
извор:“Макфакс“