Претседателката на Косово, Атифете Јахјага во првата реакција за вчерашниот инцидент во Гошинце вели дека на регионот му е потребен мир, пренесоа националните медиуми.

-Вакви инциденти никому од соседните земји не му се во прилог, посебно на овој дел од Западен Балкан. Сега секој е држава, создадена според сопствените уставни и законски рамки, фунционирајќи добро и ние секогаш треба да инсистираме на промоција на мирот и стабилноста на граѓаните, изјавила Јахјага во емисијата „Инфо магазин“ на телевизијата Клан Косова.

Коментирајќи ги случувањата во Македонија Јахјага рекла дека Косово е пример на мирот и меѓуетничката толеранција.

– Ние живееме во век на интеграции. Косово и другите земји, се пример на толеранција и не само меѓу заедниците, тоа е најдобар пример. Ние треба да се откажеме од националистичките агенди бидејќи веќе видовме во изминатите декади какви болни последици предизвикаа кај нашите граѓани, изјавила Јахјага. 

OhridNews