Еколошкото друштво „Јагода“ од Лескоец одбележува 10 години од своето постоење и делување на полето на заштитата на животната средина. Прославата по овој повод ќе се одржи утре во ресторанот „Европа“ со почеток во 19 часот.

Зад оваа невладина организација остануваат бројни проекти поврзани со заштитата на околината. Еколозите од „Јагода “ реагираа против загадувањето на воздухот во Лескоец и пошироко од варничарите кои  користеа несоодветни средства за горење во варниците.

Членовите на друштвото се активни и во справувањето со цврстиот отпад, а реализираат и други проекти преку кои го даваат својот придонес во унапредувањето  на животната средина.

Ohridnews