Еколошкото друштво „Јагода“ официјално отпочнува со реализација на проектот „Рециклирање пластика“.

Членовите на друштвото заедно со еколошката секција при основното училиште „Ванчо Николески“ и локалното население денеска ќе го собираат пластичниот отпад расфрлен во селото Лескоец. Пластиката ќе ја транспортира Јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Предвидено е, на секое семејство да му се доделуваат флаери со едукативна содржина поврзана со  собирањето, селектирањето и рециклирањето пластика.

Сакаме да го намалиме количеството пластичен отпад, да ја подигнеме свеста за неговата бавна разградливост, но и да создадеме почиста животна средина-велат од „Јагода“.

Проектот се реализира во соработка со ЈП„Охридски комуналец“, а е поддржан од Американската агенција за меѓународен развој.

А. Ристоска