На Универзитетот „Св. Климент Охрдски“, поголем број кандидати од слободни места има за Полициската академија во Скопје. Таа располага со 280 места, а пријавени се 348 кандидати. Академијата со своја програма е присутна и на Факултетот за туризам и угостителство ( ФТУ) во Охрид, каде во новата академска година е предвиден смер безбедносност и финансиска контрола за кој исто така постои голем интерес.

Во првиот уписен рок кој штотуку заврши на ФТУ – Охрид  се пријавиле 505 кандидати. Годинава факултетот предвидува да запише 520 нови студенти, кои покрај споменатата насока, ќе  можат да се одлучат и за студиските програми по туризам, царина и шпедиција, осигурување,
гастрономија и хотелско-ресторантски менаџмент.


Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат
објавени наредната недела. Вториот уписен рок е на 15 и 16 септември, а
евентуалниот трет уписен рок, доколку за тоа има потреба ќе се одржи на
6 октомври.

ohridnews