Летово како никогаш досега на Охридското Езеро пловат голем број брзи чамци и скутери. Ако негогаш на езерската шир глисерите беа реткост, сега тоа станува претесно за нив.

Само оваа година во Охридската капетанија регистрирани се 200 глисери и скутери, што е осетно повеќе во споредба со изминатите години, вели капетанот Љупчо Настоски.

Во моментов според податоците со кои располага Капетанијата во Македонија има околу 3000 регистрирани пловни објекти, од што најголемиот дел пловат на Охридското Езеро.

Г.М.