Луѓето на постара возраст кои консумираат повеќе масти од риба и зеленчук имаат поголеми изгледи за подолг живот, објавиле шведските научници.
Здравата храна обично подразбира зголемен внес на зеленчук и масна риба како туна или лосос, а најново шведско истражување покажало дека освен позитивното влијание врз општата здравствена состојба, и здравјето на мозокот, ваквата исхрана влијае и врз должината на животот.
Користејќи ги податоците собрани од околу 4000 испитаници на просечна возраст од 60 години, истражувачи од Универзитетот во Упсала, утврдиле дека луѓето со најголем внес на полинезаситени масти од риба и зеленчук имаат во следните 15 години 27% помал ризик за смрт од било која причина.
Најзначително бил намален ризикот за смрт од болести на срцето. Според постоечките препораки, повеќето возрасни луѓе би требало преку мастите да внесуваат најмногу 20-35% од вкупниот внес на калории.
извор:metro-portal.hr