Јапонски ресторан се обидел на необичен начин да го одбележи своето отварање. Храната ја послужувале на телото од модели.
За да биде отварањето што поинтересно, Јапонците го ангажирале моделот Беки и го послужувале јадењето на нејзиното тело.
„Храната беше одлична и никогаш не сум видел така секси поставена маса. А плус кога девојката стана и потполно се соблече пред сите…“, рекол еден од посетителите.
Сопствениците сакале да привлечат колку што е можно поголем број посетители од Азија.