Еден австралиски научник тврди дека преодот од класично месо за исхрана на месо од кенгури би било многу значајно за намалување на емисијата на штетни гасови кои го прават ефектот на стаклена градина.


Кенгурите поради различниот систем за варење на храната не произведуваат метан, како што е случај со кравите и овците, кој е многу штетен за земјината атмосфера. Затоа Д-р. Џорџ Вилсон предлага кенгурите да се одгледуваат за исхрана, а тврди дека месото од кенгур е многу вкусно.