Полицијата во Тајланд уапсила човек кој во најскапите ресторани во Бангкок преговарал со дилерите на луксузни автомобили и нарачува специјалитети, а потоа заминувал без да ја плати сметката. На тој начин продавачите на автомобили ги оштетил за околу 5000 долари. Бил уапсен додека бегал од еден од рестораните, каде направил сметка од 1000 долари.
По правило, закажувал состаноци со дилерите на луксузни автомобили, нарачувал специјалитети на куќата, а потоа станувал со изговор дека мора да телефонира и не се враќал. На еден од дилерите му рекол дека сака да купи седум модели од најновото БМВ, отишол да телефонира и повеќе не се појавил.