Една американка стара 21 година мора да јаде секои 15 минути за да внесе во организмот 8000 калории потребни за нејзиното нормално функционирање, бидејќи болува од ретка генетска болест која спречува стварање на залихи на масти во организмот. За да се одржи во живот, Лизи Веласкес мора да јаде по 60 пати на ден. Нејзината телесна тежина никогаш не надминала 30 килограми.


Бидејќи нејзиниот организам не произведува масти, може да јаде без опасност дека ќе се здебели. И покрај тоа таа води исполнет живот. Студира комуникации на универзитетот Остин во Тексас. Вели дека интересот на луѓето за нејзината болест е огромен.