Во кралскиот суд во Бристол се одложиле сите закажани расправи окако смрдеа на лук се проширила во зградата преку вентилацијата. Непознатиот сторител истурил масло од лук во цвеќе кое стоело пред влезот на ресторанот. Безбедносните камери го уловиле сторителот додека шетал низ ходниците со маслото. Сеуште не се знае дали се работи за незадоволен осуденик или за обичен граѓанин.
Иако мирисот е безопасен, сепак поротите, судиите, адвокатите и обвинителите биле присилени да излезат на улица. Полицијата сега го истражува целиот случај. Некои луѓе дури и повраќале.