Британскиот новинар Нев Баркер ја запросил водителката на емисијата ‘Prime Time Russia’, Ана Фјодорова, за време на интервју на телевизија.
Водителката Ана Фјодорова доживеала пријатно изненадување кога го интервјуирала својот дечко и новинар на арапската телевизиска мрежа Al-Jazeera, Нев Баркер. Во договор со целото студио во кое се снимала емисијата, господинот Баркер ја запросил девојката со која се гледа веќе две години.
Низ шега дека госпоѓицата Фјодорова претходно споменала дека би било идеално кога би постоеле апарати со дијамантски прстени како апаратите за кафе, Нев Баркер го извадил прстенот и откако го кажала судбоносното да, гордо и го ставил на прстот. Сите присутни им честитале преку големиот екран во позадината.