Двајца американски хакери ќе се венчаат, откако момчето ја запросило својата девојка низ нејзината омилена видео игра.

Берни Пенг ја репрограмирал копијата од играта Bejeweled која ја имала девојката, на начин кога ќе достигне одредено ниво во играта да се зацрни екранот и да се појави прстен, пишува Telegraph.


На општа одушевеност на сите хакери во светот, Тами Ли го кажала судбоносното „да“.

Пенг, кој инаку е програмер на софтвер за финансии и блогер од Њу Џерси, кажал дека му требало цел месец за да го промени кодот на играта на конзола Нинтендо ДС, но дека трудот на крај се исплатил.

„Помислив дека тоа ќе биде кул, на некој хакерски начин. Се разбира, после тоа следеше вечера и се останато“, рекол Пенг.

Венчавката ја планираат за летово, а производителот на играта Bejeweled, компанијата PopCap од Сиетл, ќе ги превезе со авион до Сиетл во склоп на нивниот меден месец.

„Повеќето компании жестоко би реагирале на промената на кодот на нивната игра. Но, тоа му донесе жена. Како здружение на хакери мораме да признаеме и да речеме:„Берни, ти симнуваме капа.“, изјавил портпаролот на компанијата PopCap Garth Chouteau.

Во светот се продадени 10 милиони копии од таа игра, а од интернет е симната 150 милиони пати.