Стјуардесата Вера Силва од Португалија била запросена од момчето во авионот за време на летот од Лисабон до Барселона пред голем број патници. Жоао Виерие влегол во авионот без Вера да го забележи, а ја запросил преку разгласот. Околу 80 патници, кои биле во авионот му ракоплескале.


Вера признала дека била шокирана поради јавното запросување. Останатите членови на екипажот му помогнале на Жоао да подготви се за свечениот момент. Капетанот на авионот, Педро Матиас, истакнал дека тоа му е прв пат во 35 години работа како пилот да доживее нешто такво. Вера се согласила да се омажи за Жоао.