Алиша Декер од Охајо била пресреќна кога на полето со жито ги забележала зборовите со кои нејзиното момче ја запросило. Нејзиното момче Џејсон ја повело на лет со авион со образложение дека треба да ги фотографира куќите на неговите роднини.
Со авионот управувал неговиот татко, кој го изнајмил полето од сопственикот. Со букви високи шест метри пишувало “Алиша омажи се за мене”. Кога ја здогледала пораката таа се свртела кон момчето кој во раката држел прстен. Свадбата ја закажале за почетокот на наредната година.