Фотографот Џеф Гарвин својата девојка ја запросил со графит кој самиот го нацртал на ѕид во центарот на Њујорк, ризикувајќи јавен срам доколку неговата девојка Кетлин не се согласела. На ѕидот од една од најпрометните крстосници во Њујорк заљубениот Џеф нацртал графит на кој пишувло „дали сакаш да се омажиш за мене“.
Сето тоа го замислил како приказ на зелена ливада на која растат рози и на која трча домашниот миленик на Кетлин. Ја довел Кетлин пред својот графит, клекнал и и го поставил големото прашање. Својот одговор и таа го напишала на плочи и заедно се фотографирале пред љубовното ремек дело.