Анонимно момче од Белгија, навивач на клубот „Серкл Бриж“, пред натпреварот на својот тим против лутиот ривал, тимот на „Стандард“ од Лиеж, на фудбалскиот терен ја довел својата девојка, каде водителот му го дал микрофонот како јавно би ја запросил.
Момчето срамежливо започнало да го чита припремениот говор, велејќи и на својата девојка колку му значи, но по нејзиниот израз на лицето било јасно дека ситуацијата нема да заврши добро. Кога момчето паднало на колена и ја запрашало запрепастената девојка дали ќе се омажи за него, таа нешто нејасно изговорила, рекла „НЕ“ и побегнала кон тунелот. Водителот го однел разочараното момче од теренот, а навивачите целата случка ја пропратиле со смеа и исвиркувања.