Еден вљубен кинез се маскирал заедно со 48 пријатели во морков, како би ја запросил својата девојка во градот Чингдао на истокот на Кина, пренеле медиумите. Човекот, облечен како огромен морков зборувал со насобраните на централниот градски плоштад за првиот состанок со избраничката на своето срце кој се случил шест месеци претходно.


Потоа го соблекол костумот и ја запросил девојката пред љубопитните минувачи и сопствениците на дуќаните на плоштадот. Девојката се согласила, а локалните медиуми пренесуваат дека за ова запросување биле потребни три седмици планирање и петнаесет илјади долари.