Бесот поради пропадната љубов ја довел една тинејџерка до одлука да ја запали куќата каде што живеел нејзиниот поранешен дечко. Никој не загинал во пламенот кој оставил 10 луѓе без дом. Но, двајца се хоспитализирани поради вдишување на чад.


Шанта Даргби (19) е уапсена поради подметнување на пожар и уште 10 обвиненија. Шанта се налутила бидејќи разбрала дека нејзиниот поранешен избраник на матурската вечер понел друга девојка. Одредена и е кауција во износ од 150 000 евра.