Британецот Крис Велдинг се обидел својата сопруга да ја спаси од пајакот кој бил во нивната бања. Тој се обидувал но не успевал да го избрка инсектот. Зел дезодоранс и се обидел да го испрска со истиот. Во тој момент прегорело светлото, а тој зел запалка за да може подобро да гледа.
Дезодорансот експлодирал, а Крис избегал во ходникот. Бањата била уништена, а тој завршил во болница со изгореници по телото. Пожарникарите кои ја гаселе бањата не го забележале пајакот и не знаат дали истиот преживеал.