На возачот на камион Геј Гарднер од Австралија му се скршила безжичната слушалка за мобилниот телефон и ја залепил со лепило. Пред да се исуши лепилото го повикал шефот, а Гај автоматски ја вратил слушалката во увото и одговорил на повикот. Слушалаката му останала залепена за увото.


Дури откога го завршил разговорот сватил каква глупост направил. Слушалаката ја има поголем дел од времето додека вози, а пријателите се шегувале со него велејќи му дека најдобро ќе биде да ја залепи за увото бидејќи премногу зборувал на телефон. Морал да ја извади од увото со помош на лажица. Признава дека многу го болело додека ја вадел, но уште повеќе го болела неговата гордост.