На железничкиот мост на реката Рајна во Келн заљубените парови ставиле околу 40 илјади мали катанци како залог за својата љубов, а нивниот број секој ден се зголемувал. На повеќето катанци се наоѓаат имињата на паровите кои ги ставиле. На некои од нив исто така можат да се прочитаат љубовни стихови и пораки.
Меѓутоа оваа романтика не им се допаднала на сите жители во Келн. Имено, еден од минувачите со црн фломастер на повеќе катанци напишал „нарушување на јавниот ред“. Од железницата најавиле дека ќе ги отстранат катанците, но по силните негодувања одлучиле истите да ги остават се додека не го загрозуваат сообраќајот. Љубовните катанци за прв пат во историјата се појавиле во Италија од каде се прошириле низ поголемиот дел на Европа. Кога катанците се заклучувале, клучот се фрлал во водата.