Тукушто се венчал, еден Германец направил кобна брачна грешка, ја заборавил новопечената сопруга на бензинска пумпа на автопат. Несреќниот човек дури после два часа возење сфатил дека во автомобилот му ја нема сопругата, која паузата ја искористила да тркне до тоалет. Невестата во интервју за една радио станица рекла дека нејзината прва реакција била „Дали е овој нормален“. Објаснила дека била без пари и без телефон.

Нејзиниот сопруг, со кој по венчавката тргнала на свадбено патување, продолжил да вози, мислејќи дека таа цврсто спие на задното седиште. Кога конечно, по 200 минати километри сфатил дека ја нема, отишол да го пријави нејзиното исчезнување во полиција, која жената веќе ја контактирала. Сопружниците од Брандербург повторно се нашле пет часа подоцна на истата бензинска станица. Сопругот имал среќа бидејќи неговата поубава половина не била злопамтило. Таа рекла дека не му се налутила бидејќи немал никакви лоши намери.