Со речник дебел 12 сантиметри, 83-годишна старица влегла во музејот и конечно ја вратила книгата што ја позајмил нејзиниот правујко. Долгот пораснал на околу 7 000 евра. Старицата од Денвер ја вратила книгата 110 години откако била позајмена.
Меѓутоа старицата нема да мора да го плати долгот. Го предала 12 сантиметри дебелиот речник во музеј во Отава. Нејзиниот правујко го позајмил речникот од јавна книжарница во 1889 година. Целото семејство се преселило во Њујорк и заборавил да ја врати книгата.