Хазел Северсон од Сакраменто ја вратила книгата во библиотека, која нејзиниот покоен сопруг ја позајмил пред 74 години. На старицата не сакале да и наплатат за задоцнувањето износ од околу 3000 долари. Сопругот ја позајмил книгата уште во далечната 1936 година.


Жената рекла дека некој пријател ја пронашол книгата во гаражата додека ги сортирал предметите кои сакала да ги продаде. Одлучила дека ќе ја врати книгата и дека ќе го плати износот за задоцнувањето. Библиотекарката Лаура Еинштадер рекла дека е многу среќна бидејќи книгата е повторно во библиотеката.