Семејството Вогт од Германија од својата куќа направило вистинска светлосна убавица. Куќата ја украсиле со 420 илјади сијалички. Целта им била да ја достигнат бројката од 500 илјади, но поради недостатокот на средства морале да застанат на помала, но исто така импресивна бројка. Сепак успеале да употребат дури 20 илјади сијалички повеќе од минатата година.


Овен куќата, која е речиси цела прекриена со сијалички, тие го украсиле и дворот со снешковци, елени и божиќно дрво високо шест метри. Пред неколку години својот арсенал светлечки украси го замениле со штедливи сијалички за да ја намалат сметката за електрична енергија. За спектакуларното палење на сијаличките во саботата се припремале неколку месеци.