Кинезот Џао Машуи изградил нова куќа како би и покажала на поранешната сопруга каков луксуз испушта. Со истата таа намера во фасадата изгравирал зголемени реплики од банкноти. Џао се надева дека со овој потег на мајката на своите деца ќе и испрати порака дека „процветал“ откако го напуштила пред дваесет години.
На ѕидот висок 20 метри се наоѓаат кинески куани, но и американски и хонгконшки долари. Кинезот од градот Кванџу вели дека не сака поранешната сопруга да го гледа од високо. Сакал да знае дека е способен да изгради куќа и да се грижи за нивните деца. Тој планира до следната година да ја украси фасадата со уште неколку реплики од банкноти.